Што би се случило кога на светот би имало уште еден билион дрвја?

Што би се случило кога на светот би имало уште еден билион дрвја?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Најголемото дрво на планетата е високо 87 метри. Џиновската секвоја апсорбирала околу 1.400 тони јаглерод диоксид во нејзиниот живот, кој се проценува дека трае 2.500 години.

Малку дрвја може да се натпреваруваат со џиновската секвоја, но денес луѓето произведуваат над 1.400 тони јаглероден диоксид секоја минута. За да се бориме со климатските промени, мора да ги намалиме емисиите на фосилни горива и да го намалиме испуштањето на вишок јаглероден диоксид во атмосферата.

Дрвјата, како и другите растенија, го апсорбираат јаглеродниот диоксид преку фотосинтезата. Дрвјата ги чуваат овие гасови во стеблото како што растат, а кога се сечат, дел од тие гасови повторно се враќаат во атмосферата, иако поголемиот дел останува во почвата, каде што седи илјадници години. Меѓутоа, дури и овие гасови во почвата по одреден период повторно се испуштаат во атмосферата. Затоа, дрвјата мора да живеат што подолго.

Во едно истражување од 2019 година било пресметано дека на планетата може да се насадат дополнително една милијарда хектари шума. Тоа би било еднакво на околу 1,2 билион дрвја. Овие дрвја би можеле да апсорбираат 100-200 милијарди тони јаглероден диоксид, односно околу една шестина од вкупните емисии на човекот.

Меѓутоа, екосистемите се комплицирани и напорите од луѓето да ги вратат во нормала може да бидат штетни. Многу научници сметаат дека е подобро луѓето да ги остават екосистемите сами да се регенерираат. Освен тоа, идните генерации би требало да ги штитат екосистемите од природните и економски сили кои претходно ги уништиле. Сепак, враќањето на дел од уништените шуми би можело да ни покаже како да се бориме со климатските промени.



Извор: ted.com