Создадени киборг-медузи што пливаат трипати побрзо

Создадени киборг-медузи што пливаат трипати побрзо

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Нов технолошки уред во кој се наоѓаат мини-процесор, литиумска батерија и две електроди може да ги претвори обичните медузи во киборзи со супермоќи.  

Научниците од Калифорнискиот технолошки институт од Пасадина, САД, во соработка со колеги од Универзитетот „Стенфорд“ успеале да претворат обична медуза во киборг вградувајќи ѝ имплант кој со помош на електрични импулси му овозможува на морското животно да се движи низ водата два до трипати побрзо. 

Уредот е обвиткан со водоотпорен пластичен слој и е сместен во тапа за шише. Во него се наоѓаат мини процесор, литиумска батерија и две електроди. 

Медузите немаат мозок, ниту рецептори за болка, но лачат слуз кога се под стрес. Меѓутоа, научниците откриле дека тоа лачење престанува во текот на експериментот со уредот. Исто така, медузите продолжиле нормално да живеат и да пливаат по вградувањето на уредот. 

Научниците сметаат дека овие биороботички елементи би можеле да бидат применети практично бидејќи се смета дека имплантите би можеле да се надградат со различни сензори преку кои би можело да се собираат податоци за морскиот свет.