„Среќата постои само во прифаќањето“:  Многумина по 60-тата година одбиваат да го прифатат тоа

„Среќата постои само во прифаќањето“: Многумина по 60-тата година одбиваат да го прифатат тоа

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

„Среќата може да постои само во прифаќањето“, напишал Џорџ Орвел. За многумина што се над шеесеттите години, токму ова што најупорно избегнуваат да го прифатат стои помеѓу нив и мирот што го бараат со години.

Митот за целта што никогаш не доаѓа

Голем дел од животот луѓето го поминуваат верувајќи дека има момент кога сè конечно ќе си дојде на свое место. Дека постои фаза во која сè ќе биде јасно, стабилно и безбедно. Многумина веруваат дека тоа ќе биде на 60 години. Потоа на 65. Потоа на 70. Но, прифаќањето нема никаква врска со достигнувањето на целта. Тоа има врска со сфаќањето дека навистина нема целна линија. Луѓето честопати одбиваат да ја продадат големата куќа затоа што тоа би значело да признаат дека стареат. Тие плаќаат за простор што повеќе не им е потребен и одржуваат начин на живот што ги исцрпува.

Кога конечно ќе одлучат да направат промена, имаат чувство на олеснување. Бидејќи прифаќањето не е откажување. Прифаќањето е олеснување.

Што најчесто се одбива по 60-годишна возраст?

Отпорот обично се врти околу неколку теми:

-тело што се менува
-односи што еволуираат
-чувство на професионална ирелевантност
-минливост.

Губењето на професионалниот идентитет особено тешко им паѓа на многумина. По децении работа, пензионирањето може да дава чувство на заминување од теренот. Сепак, тогаш започнува ново поглавје. Пишување, волонтирање, хоби што е запоставено со години. Држењето до старата верзија од себеси честопати ве оддалечува од новата што може да биде поисполнета и помирна.

Телото се менува, но борбата против реалноста е исцрпувачка

Прифаќањето на возраста не значи да се сака секоја брчка или да се слави секоја болка во грбот. Затоа, престанете со војната против реалноста. Луѓето што ги носат своите шеесетти и седумдесетти години со поголема леснотија обично не се преправаат дека ништо не се менува. Тоа се луѓе што го приспособиле својот животен стил на новата фаза - носат очила без срам, избираат поудобни чевли, го менуваат видот на физичка активност и продолжуваат понатаму. Не трошат енергија на непобедливи битки.

Односи по 60-тите: нови правила на играта

Ништо не ја тестира способноста за прифаќање како односите меѓу луѓето. Децата стануваат возрасни кои имаат свои животи. Тие не се јавуваат постојано. Не бараат совет како порано. Љубовта постои, но се изразува поинаку. Пријателите се селат, се разболуваат, влегуваат во нови животни фази. Кругот што изгледал силен во педесеттите години често се менува до средината на шеесеттите години.

Постојат два избора: отпор и чувство на осаменост или прифаќање и создавање нови врски. Едниот пат води кон огорченост, а другиот кон внатрешен мир.

Најтешкото прифаќање е она во огледалото

Понекогаш она што треба да го прифатите нема никаква врска со возраста, туку со вашите сопствени избори. Сфаќањето дека некои одлуки можеле да бидат поинакви. Таа амбиција или потребата да се докажуваат работите порано била поважна од блискоста. Фактот дека се правеле грешки е потешко да се прифати отколку седата коса.


Но, само тогаш доаѓа вистинската слобода. Слобода да си простите себеси. Или да го поминете остатокот од животот поавтентично.

Мирот не е во следната промена, туку во препознавањето на реалноста


- Во психологијата одамна знаеме дека хроничниот отпор кон реалноста го продолжува стресот, додека прифаќањето, дури и кога е непријатно, ја намалува внатрешната напнатост и отвора простор за емоционален мир - објаснуваат психолозите.

Дури и по 60-тата година многумина продолжуваат да го бркаат мирот. Во нова операција, нов потег, нов обид да се „поправи“ она што всушност не е скршено. А мирот често чека токму во она што се избегнува.

-Во тело кое се променило, но сепак служи.
-Во брак кој има свои фази.
-Во поглавјата што се завршени.
-Во оние што допрва треба да дојдат.

Орвеловата мисла не е фраза за социјалните медиуми. Таа е потсетник дека среќата не доаѓа кога сè е средено, туку кога ќе го прифатите она што е. По 60-тата година можеби најголемата привилегија е токму тоа што повеќе нема потреба да се докажувате. Кога претставата ќе заврши, останува простор за мир.

Извор: eklinika.telegraf.rs

Фото: Freepik