Зошто на паметните жени им е тешко да пронајдат љубов?

Зошто на паметните жени им е тешко да пронајдат љубов?

Подготвил: Тамара Гроздановски

За некој е лесно да пронајде љубов. Но, ако сте интелигентна жена, ќе ви биде уште потешко да го пронајдете вистинскиот партнер. Општеството често е склоно да мисли дека нешто не е во ред со жените кои не се во врска и немаат партнер. Дефинитивно не станува збор за тоа.


Фото: Freepik

Еве зошто на паметните жени им е тешко да пронајдат љубов.

1. Не се плашат да бидат сами


Паметните жени знаат што сакаат и не се подготвени да прифатат нешто помалку од тоа. Тие знаат колку е важно да се остане верен на себеси. Исто така, сфаќаат дека жртвувањето на сопствените потреби за доброто на љубовта со погрешната личност долгорочно ќе предизвика незадоволство.

Тие не се врзуваат поради стравот од самотија или поради стравот од озборувања од другите луѓе кои не ја сфаќаат способноста на жените да бидат сами и среќни.

2. Знаат што сакаат


Секоја жена има ментална „листа“ на карактеристики кои ги бара кај партнерот. Листата кај паметните жени е подолга од листата на жените кои сакаат да бидат во врска онака.

Тие добро се познаваат себеси и знаат со кој тип на личност можат или не можат да бидат.

3. Не им е потребна друга личност за да им го олесни животот

Минатото покажало дека било потребно жената од домот на нејзиниот татко веднаш да оди во домот на нејзиниот сопруг. Во современиот свет на жената повеќе не ѝ треба некоја личност која би ѝ помогнала да преживее.

4. Тие имаат поприоритетни обврски од пронаоѓање на партнер

Кариера, пријателства, семејство, без оглед за што станува збор, таа нема доволно време за излегување и пронаоѓање на партнер.

5. Нивните сознанија од минатото влијаат врз нивните идни потенцијални врски

Тие сакаат да живеат во моментот и не сакаат да го губат времето, бидејќи времето е вредно за паметните жени. Тие мораат да знаат дека врската има иднина и дека нивниот потенцијален партнер е на истата бранова должина - брак,  деца, семејства итн.

6. Тие знаат дека привлечноста е само „половина битка“

Физичката привлечност е важен аспект за пронаоѓање на љубов, но паметните жени сфаќаат дека привлечноста е краткотрајна и може да исчезне кога ќе погледнат подлабоко.

7. Можат да бидат застрашувачки


Интелигентните жени не се плашат да станат и да кажат што мислат. Тоа многу луѓе тешко го поднесуваат.

8. Тие ја разбираат промената

Тие не се залажуваат дека и тие самите и нивните партнери ќе бидат истите личности во иднина. Тие сакаат да растат, имаат планови за иднината кои ќе ги променат и на крајот таа иднина ќе ги промени и нивните желби.

9. Тие ја сфаќаат модерната пракса за поврзување со партнерот, но не се согласуваат со неа

Врската повеќе не е средство за преживување на жените. На жената повеќе не ѝ е потребна куќата на татко ѝ или куќата на нејзиниот маж, тие денес можат да живеат сами.

10. Знаат дека не секогаш треба да им веруваат на емоциите


Ова е најголемата причина зошто на паметните жени им е тешко да пронајдат љубов. Одлуката дали некој е достоен за срцето на интелигентната жена не е лесна задача и не треба да се земе здраво за готово.

Интелигентните жени мораат да ги измерат причините за и против и да одлучат дали ризикот за љубов кон другата личност е вреден за болката која може да ја доживеат доколку работите не функционираат.