Колку повеќе се дружите со вашата мајка, толку повеќе ќе живее!

Колку повеќе се дружите со вашата мајка, толку повеќе ќе живее!

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Презакажете ја договорената вечер со вашите другарки и наместо тоа, излезете со вашата мајка - така ѝ подарувате повеќе време. Едно истражување покажува дека кога се дружиме со луѓето што ги сакаме, тоа предизвикува тие да напредуваат, дури и подоцна во животот. А погодете кого најмногу сака вашата мајка - точно, вас!

Докторите од Универзитетот во Калифорнија спровеле истражување што следело 1.600 учесници во 60-тата и 70-тата година од животот за да откријат дали осаменоста има одлучувачко влијание врз очекуваниот животен век.

По 6 години следење и истражување, научниците откриле дека осаменоста имала поголемо влијание врз постарите, многу повеќе отколку што очекувале. Оние што рекле дека имаат друштво и значајни врски, живееле подолго од оние што изјавиле дека се чувствуваат осамено. Осаменоста побрзо ги доведувала до смрт.

majka
Фото: Freepik

Според истражувањето, смртта може да се предизвика и со негативни психолошки чувства што доведуваат до опаѓање на здравјето. Едно од нив е осаменоста - не во смисла дека личноста нема со кого да разговара, туку во смисла дека нема значајни односи за да ги негува и нема за кого да се грижи.

Затоа, вметнете ја вашата мајка во распоредот, дури и ако е премногу зафатен. Поканете ја на ручек, прашајте ја за совет, одете заедно на шопинг. Ако не живеете блиску, посетувајте ја почесто и јавувајте ѝ се и разговарајте за секојдневните борби и радости.

А ако живее сама, истражувачите предлагаат старски дом или пензионерска заедница како одлично решение. Овие места нудат поголема шанса таа да има пријатели, да има некаква физичка активност и да напредува. Така што, и покрај тоа што другите ќе зборуваат, вие ќе ѝ овозможите да ги подобри социјалниот живот и  здравјето.