Искористете ја можноста и вечерва набљудувајте го Јупитер и неговите месечини

Искористете ја можноста и вечерва набљудувајте го Јупитер и неговите месечини

Подготвил: Тамара Гроздановски

Љубителите на астрономијата и љубителите на ноќното небо вечерва ќе имаат можност да набљудуваат нешто неверојатно.

Имено, Јупитер ќе биде доста близу до Земјата, поблиску отколку минатите години, па така ќе имате можност да го набљудувате. Секако, под услов да нема облаци.

јупитер
Фото: NASA

Овој гасовит џин ќе се најде на спротивната страна на Земјата, и ќе биде особено сјаен, па вечерва ќе можете да го видите Јупитер како светла бела точка на небото. Доколку земете двоглед или телескопи, ќе можете да ги видите и неговите месечини.

Посебно обрнете внимание на Големата црвена точка, бура што е двојно поголема од Земјата и беснее на Јупитер во последните 300 години.

Ако вечерните облаци ве спречуваат да го набљудувате Јупитер, тогаш ќе имате можност да го набљудувате и наредните денови бидејќи ќе остане блиску до Земјата до крајот на мај, иако вечерва ќе биде најсјаен.