Ајкулите ги користат магнетните полиња на Земјата за навигација

Ајкулите ги користат магнетните полиња на Земјата за навигација

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Птиците и кучињата ги користат магнетните полиња на Земјата, а пчелите, китовите и желките може да ги почувствуваат. Сега научниците додале уште едно животно на листата, а тоа се ајкулите. Било докажано дека ајкулите ги користат магнетните полиња за да патуваат.

Експертите долго се сомневале дека ајкулите ја имаат оваа способност, но досега тоа не било докажано. Било познато и дека ајкулите поминуваат големи растојанија за да се вратат на истото место секоја година.


Фото: Pixabay

Во ново истражување, истражувачи од фондацијата „Сејв аур сиз“ и лабораторијата на државниот универзитет во Флорида покажале дека ајкулите користат магнетни полиња за навигација додека патуваат низ морињата.

Истражувачите го докажале ова спроведувајќи експерименти со десетици ајкули, а во нив успешно го предвиделе движењето на животните според магнетните полиња.

Ова истражување барем делумно може да го објасни случајот со една бела ајкула која патувала од Јужноафриканската Република до Австралија, враќајќи се на истата локација секоја година.

Автор: Марк Серелс
Извор: cnet.com