Нова серија на „Нетфликс“ стана хит преку ноќ и собра 11 милиони прегледи за само четири дена

Нова серија на „Нетфликс“ стана хит преку ноќ и собра 11 милиони прегледи за само четири дена

Новата криминалистичка серија „Гневен човек“ (англ. „Man on Fire“) за само неколку дена успеа да стане една од најгледаните содржини на „Нетфликс“ и да привлече огромно внимание кај публиката ширум светот.

Станува збор за серија инспирирана од истоимениот роман, по кој во 2004 година беше снимен и култниот филм со Дензел Вашингтон и Дакота Фенинг во главните улоги.

Новата верзија на приказната неодамна пристигна на „Нетфликс“ и веднаш се искачи на врвот на листата на најгледани серии. Според најновите податоци, серијата за само четири дена од премиерата на 30 април остварила дури 11 милиони прегледи.

Главната улога во серијата ја толкува Јахја Абдул-Матин II, кој го игра Џон Криси, поранешен оперативец на ЦИА и припадник на специјалните единици, човек кој се соочува со тешки трауми, ПТСН и алкохолизам по трагична мисија во Мексико.

За разлика од филмската верзија, серијата има значително помрачен и подлабок пристап кон ликот на Криси, ставајќи поголем фокус на неговата психолошка состојба отколку само на акцијата.

Дејството овојпат е сместено во Рио де Жанеиро, каде Криси пристигнува по повик од свој стар пријател. Она што на почетокот изгледа како обична безбедносна задача, брзо прераснува во опасна приказна исполнета со бомбашки напади, политички заговори, екстремистички групи и вмешаност на луѓе од ЦИА.

Во центарот на приказната се наоѓа тинејџерката По, единствената преживеана по нападот врз семејството на пријателот на Криси. Наместо класична приказна за одмазда, серијата се претвора во напнат трилер за заштита на сведок кој поседува информации што можат да разоткријат голема политичка манипулација.

Критичарите серијата веќе ја опишуваат како „идеална за маратонско гледање“, истакнувајќи ја атмосферата, акцијата и развојот на ликовите.

 

Извор: Mondo.rs
Фото: Screenshot/YouTube