Објавен нов трејлер за филмот „Одисеја“ - за четири часа над милион прегледи на „Јутјуб“

Објавен нов трејлер за филмот „Одисеја“ - за четири часа над милион прегледи на „Јутјуб“

„Јуниверзал“ објави нов трејлер за филмот „Одисеја“ на Кристофер Нолан. Најновиот поглед во светот на епот на Хомер го прикажува Одисеј, кој го глуми Мет Дејмон, како се бори со киклопите, додека негативецот Антиној, кој го глуми Роберт Патинсон, се обидува да го преземе престолот.

Филмот, во дистрибуција на „Јуниверзал пикчрс“, ќе пристигне во кината на 17 јули, а интересот расте. Најновиот трејлер нуди подетален увид во долгиот и мачен, но и фантастичен пат на грчкиот херој Одисеј кон дома по Тројанската војна, сè до неговото кралство Итака, каде што треба да ги спаси сопругата и синот.

Трејлерот објавен на „Јутјуб“ има над милион прегледи по четири часа.

Нолан го снимил целиот филм со ИМАКС камери, а воените сцени прикажани во трејлерот се импресивни.

Иако Нолан има репутација на сигурен хитмејкер благодарение на претходните успеси, „Одисеја“ сепак претставува одреден ризик поради огромниот буџет за филмот, кој се проценува на 250 милиони долари, што го прави најскап проект во кариерата на режисерот.

 

Извор: Klix.ba
Фото: Screenshot/YouTube