Откриени остатоци од изгубен град за кој се верува дека исчезнал во една ноќ

Откриени остатоци од изгубен град за кој се верува дека исчезнал во една ноќ

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Германски археолози успешно го мапирале изгубениот град Рунгхолт, за кој се верува дека бил проголтан од Северното Море. Легендата вели дека градот некогаш бил многу успешен, а исчезнал во Северното Море во текот на една ноќ при силно невреме како казна за гревовите на неговите жители.

Според народните кажувања, тоа биле гревови како пијанство, безбожност и расфрлање со богатство. Се верува дека градот бил уништен помеѓу 15 и 16 јануари 1362 година, кога свештеник се помолил Бог да казни група млади пијани жители кои се исмевале со него и со религијата.

Свештеникот го напуштил градот, а набрзо потоа големо невреме го погодило градот. Локалниот мит вели дека сè уште може да се чујат црковните ѕвона на Рунгхолт од длабочината на морето.

Нови истражувања откриле остатоци од град во морето. Биле откриени околу 1,9 километри средновековни остатоци околу островот, кој сега е познат како Сидфал. Биле пронајдени остатоци на пристаниште, темели на голема црква и системи за одводнување.

Извор: Zimo
Насловна фотографија: Freepik