Дали е пронајдено местото каде што застанала Ноевата арка?

Дали е пронајдено местото каде што застанала Ноевата арка?

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Ноевата арка со векови ја буди љубопитноста на археолозите и научниците, кои се обидуваат да откријат дали се работи за библиска приказна или за автентичен историски настан. Цивилизациите низ светот ги зачувуваат во своите традиции митовите за поплавите од различни размери. И според Светата книга, Бог го избрал Ное да изгради дрвена арка во која ќе стави по еден пар од секој животински вид за да ги спаси, исто како и неговото семејство.

По 40-дневниот потоп, арката на Ное застанала на еден рид во регионот Арарат во Турција. Водени од описите од Библијата, многу експедиции тргнале да истражуваат.

На крајот од 19 век Британецот Џејмс Брајс наводно се искачил на Арарат и тврдел дека нашол парче дрво од Ноевата арка, а разни откритија се појавиле во следните години - карпи со посебни форми и скаменети парчиња дрво на врвот на планината.

Неодамнешни докази

Неодамнешните истражувања на делови од Арарат покажуваат дека тие датираат од пред 5.000 години, што би одговарало на библиската временска рамка на Големиот потоп. Пронајдените остатоци од глинени материјали и животни датираат токму од тоа време, а научниците веруваат дека ја поддржуваат теоријата оти областа во одреден момент би можела да била под вода, односно почивалиштето на Ноевата арка. Експерти од Турција и САД интензивно го истражуваат тој локалитет од 2021 година.

Доволно место за сите?

Иако приказната за Ное и библискиот потоп на прв поглед изгледа невозможна, бидејќи во тоа време (и со толку малку луѓе) било исклучително тешко да се изгради дрвена арка во која би можеле да се влезат сите тие животни, научниците пред десет години пресметале како може Ноевата арка навистина да плови со по два члена од секој животински вид. Постдипломски студенти по физика од Универзитетот во Лестер дошле до бројка од 35.000 животински видови, кои Ное потоа можел да ги собере во својата арка, која, според Библијата, била долга 300 лакти (стара мерка за должина), широка 50 лакти и висока 30 лакти.

Бидејќи еден лак е 48,2 см, ковчегот би можел да биде долг 144 метри, а користејќи ја просечната тежина на животните и основите на физиката, научниците ја и пресметале пловноста на ковчегот според Архимедовиот закон. Научниците не рекле дека ова е вистина, туку дека целиот проект би можел да функционира.

Пловечка арка

Во прилог на постоењето на Ноевата арка е текстот што го превел д-р Ирвин Финкел од Британскиот музеј, кој бил напишан на глинена плоча стара 3.700 години, на која има приказна на арката на Ное. Текстот на плочата зборува за сад со тркалезна форма и дијаметар од 67 метри, што би значело дека садот изгледал значително поинаку отколку што е прикажан. Финкел го опишал откритието во својата книга „Арката пред Ное: Декодирање на приказната за потопот“ и забележал дека плочата што ја превел е првиот пишан извор, што ја опишува вистинската форма на арката. Арката најчесто била прикажувана како океански брод, со остар лак за да ги совладува брановите, но бродот не ни требало да плови, туку само да се одржува на водата и да ја преживее поплавата. Истата форма на брод сè уште повремено се користи на Блискиот Исток денес, за транспорт на животни преку реки или поплавени области.

Извор: punkufer.dnevnik.hr

Фото: YouTube screenshot