Враните можат да бројат на ист начин како малите деца, покажува истражување

Враните можат да бројат на ист начин како малите деца, покажува истражување

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Едно од најновите истражувања покажува дека „птичји мозок“ сепак не треба да се сфати како навреда. Имено, утврдено е дека враните можат гласно да избројат до четири.

Истражувањето било спроведено од истражувачи од Лабораторијата за физиологија на животните на германскиот Универзитет во Тубинген. Начинот на кој птиците ги препознаваат бројките и реагираат на нив е доста сличен со процесот што го користат луѓето. Овие наоди, објавени во научното списание „Сајнс“, го зголемуваат разбирањето за интелигенцијата на враните.

- Луѓето немаат монопол на способности како што се нумеричко расудување, апстракција, создавање алатки и планирање. Никој не треба да биде изненаден што враните се паметни - вели Хедер Вилијамс, професорка по биологија на Универзитетот во Масачусетс, која не била вклучена во истражувањето.

Способноста за броење во животинското царство не е ограничена само на враните. И шимпанзата можат да бројат и да ја разберат вредноста на бројките, слично како малите деца. Исто така, кога мажјак-жаба се додворува, тој ги брои повиците на другите мажјаци кои исто така се додворуваат. Научниците теоретизираат дека и мравките можат да ги бројат своите чекори.

Претходно се сметаше дека птиците и други животни носат моментални одлуки врз основа на стимули во нивните непосредни средини, теорија популаризирана од бихевиористот за животни од 20 век, Б. Ф. Скинер. Но, најновите истражувања даваат повеќе докази за способноста на враните да синтетизираат броеви за да произведат звук и сугерира дека вештината е во нивна контрола.

Истражувањето покажа дека враните не се само едноставни машини што не размислуваат, туку размислуваат однапред и имаат способност да комуницираат на структуриран однапред планиран начин.

Интелигенцијата на враните се проучува со децении. Јазикот на враните со децении ги збунува и научниците, со своите широко различни тонови и изрази.

- Враните можат брзо да научат да одговараат на арапските бројки со тие количини, нешто што луѓето обично експлицитно ги учат своите деца - вели Вилијамс.

Извор: CNN
Фото: Freepik