17-годишната Алиса Карсон ќе биде првата личност која ќе стапне на Марс

17-годишната Алиса Карсон ќе биде првата личност која ќе стапне на Марс

Подготвил: Тамара Гроздановски

Луѓето отсекогаш биле фасцинирани со „последната граница“ уште од самите почетоци на вселенското патување. Интересот за колонизација надвор од нашата планета никогаш не бил поголем.

И додека повеќето од нас можат само да сонуваат за вселенско патување, за една девојка ова ќе стане реалност.

2
Фото: nasablueberry


17-годишната Алиса Карсон од Батон Руж, Луизијана моментално тренира да стане астронаут. Нејзиниот сон е да биде првата личност која ќе стапне на Марс, а нејзината цел е да ја изврши првата човечка мисија на Марс во 2033 година. Таа е првата личност која успеала да ја заврши програмата за пасош на НАСА, посетувајќи ги сите 14 центри за посетители на НАСА. Таа е и најмладата личност која била примена и дипломирала напредната „ПоССУМ академија“, со што официјално таа може да ја започне обуката за астронаут. Освен што ја посетува обуката, таа ги учи и сите нејзините училишни предмети на четири јазици (англиски, кинески, француски и шпански).

3
Фото: nasablueberry

Покрај учењето и обуката, Карсон е и јавен говорник, а нејзината цел е да привлече интерес за истражувањето на вселената, како и да ги поттикне сите да ги следат своите соништа.

-Секогаш следете го вашиот сон и не дозволувајте никој да ви го одземе - порачува таа.