Најдобрите фотографи на Млечниот Пат ја прикажуваат убавината на нашата галаксија

Најдобрите фотографи на Млечниот Пат ја прикажуваат убавината на нашата галаксија

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Блогот за патување и фотографирање „Capture the Atlas“ е познат по своите спектакуларни слики, а особено сака да споделува колку е неверојатна вселената преку прекрасни фотографии од Млечниот Пат. Оваа веб-страница објави дури и календар на кој ги истакнува најдобрите денови и време за фотографирање на Млечниот Пат.

Сега, уредникот Дан Зафра ги споделува најдобрите фотографии на годината, на кои се наоѓа Млечниот Пат.

Оваа листа стана годишна традиција на веб-страницата, на која не само што се наоѓаат и добро познати астрофотографи, туку и нови таленти. Оваа година на листата се наоѓаат фотографи од 14 различни земји, како и фотографии од Млечниот Пат на оддалечени места како Антарктикот.  

На фотографиите се истакнува и авантуристичкиот дух на овие патници и фотографи. Без оглед од каде фотографира, секој фотограф има посебна приказна за раскажување.


Извор: Mymodernmet.com
Фотографии: Capture the Atlas