Тајната за долг и здрав живот на далај-лама

Тајната за долг и здрав живот на далај-лама

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Далај-лама го прослави својот 85-ти роденден на 6 јули. Тој има изјавено дека неговата цел е да ја доживее 110-тата година, а таква цел може да си постави само некој што му дава приоритет на своето здравје.

Тој е 14-тиот далај-лама што го посвети животот на промовирање на духовноста, а неговите навики играат голема улога во одржувањето на неговото здравје. Секако, не може секој да медитира со часови секој ден, но постојат работи што ги прави далај-лама, а може да ги практикуваме сите.


Фото: Pixabay

Имајте постојан распоред за спиење

Далај-лама секој ден се буди во 3 часот наутро, а легнува во 7 часот попладне. Тој спие осум часа секој ден и го задржува распоредот за спиење.

Дневна медитација

Медитацијата е голем дел од секојдневието на далај-лама. Тој поминува седум часа дневно во медитација и молитви. Распоредот за медитација на далај-лама е строг, а и за сите други дури неколку минути медитација може да имаат поволности. Истражувањата покажуваат дека медитацијата помага во забавувањето на стареењето, подобрувањето на мозочната работа и намалувањето на стресот.

Активност

Да бидете постојано активни не мора да значи вежбање пет дена во неделата. Далај-лама пешачи секојдневно. Во 5 часот наутро тој пешачи 30 минути пред појадокот. Според експертите, пешачењето е одлична вежба која не е тешка, а може да биде интензивна доколку се практикува правилно. Пешачењето ги согорува калориите и ги зајакнува мускулите.


Фото: Pixabay

Исхрана од растително потекло

Кога се наоѓа во Индија, далај-лама следи вегетаријанска диета. Но, кога патува, тој јаде месо. Намалувањето на количеството месо што се внесува е добро за здравјето, особено за здравјето на срцето и стомакот, а тоа може да го намали и ризикот за појава на рак. Многу долговечни луѓе јадат храна од растително потекло, но повремено јадат месо.

Сочувство за другите

Според далај-лама, сочувството е една од најмоќните алатки што ги имаме доколку сакаме да бидеме среќни. Кога го прославил својот 80-ти роденден, тој изјавил дека сочувството го отвора нашето срце, додека стравот, бесот и омразата ни ги стеснуваат погледите. Според него, сочувството помага да се постигне внатрешен мир и е одличен начин за поврзување со другите.

Автор: Кера Џилијан Браун
Извор: wellandgood.com