Андреа Бочели изненадно запеа на миса во катедрала на Капри
Многу посетители се шокирале кога во поранешната катедрала „Санто Стефано“ на италијанскиот остров Капри, на неделната вечерна миса, почнал да пее познатиот оперски пејач Андреа Бочели. Познатиот тенор е на одмор на островот и самиот изразил желба да запее, пишува италијанска „Ла Република“.
Во продолжение можете да ја погледнете интерпретацијата на Бочели на „Аве Марија“ од Франц Шуберт.
Насловна фотографија: Instagram (screenshot)