Последни недели за пријавување проекти на платформата „Иднина која инспирира“ на dm
Организациите, здруженијата, институциите, образовните установи и другите правни субјекти имаат уште неколку недели да ги пријават своите проектни идеи на платформата „
Иднина која инспирира“, преку која компанијата
dm drogerie markt поддржува иницијативи што создаваат позитивни промени во заедницата. Повикот е отворен до 31 јули 2026 година, а интересот досега покажува дека постојат бројни идеи кои можат да придонесат за подобар живот на луѓето и заедницата.
Платформата е создадена со цел да им даде можност на проектите со општествена вредност да добијат поддршка и да се реализираат. Таа ги обединува иницијативите што нудат конкретни решенија за реални предизвици и придонесуваат кон создавање поинклузивна, посолидарна и поодржлива заедница.
Меѓу веќе пријавените проекти се издвојуваат иницијативи од различни области, што уште еднаш потврдува дека позитивните промени можат да започнат на многу начини. Еден од нив е „
Нуркачка Еко Патрола“, проект насочен кон истражување и мапирање на загадувањето со цврст отпад на вливовите на реките во Охридското Езеро. Преку професионални нуркачки активности, подводно снимање и анализа на состојбата, иницијативата има цел да придонесе за подобра заштита на езерото, но и да ја поттикне јавната свест за значењето на зачувувањето на природните богатства.
Во сосема поинаква област е проектот
„Women Rise Hub“, кој отвора нови можности за жените преку едукација, дигитална трансформација и претприемништво. Со обуки, менторска поддршка, вмрежување и практична примена на современи технологии, проектот има за цел да ги зајакне дигиталните компетенции на жените и да придонесе кон нивниот професионален и економски развој.
Љубовта кон македонскиот јазик и неговото богатство е во фокусот на проектот „
Јазичната ризница на Македонија“, кој преку интерактивни содржини, активности во училиштата и градинките и вклучување на различни генерации ја доближува јазичната култура до најмладите. На овој начин, проектот придонесува за зачувување на јазичното наследство и негово пренесување на идните генерации.
Овие примери се само мал дел од проектите што веќе се пријавени на платформата и покажуваат дека секоја идеја има потенцијал да создаде вистинска вредност кога е насочена кон потребите на заедницата. Токму затоа dm ги повикува сите организации и институции што развиваат вакви иницијативи да ја искористат можноста и да го пријават својот проект на следниот
линк.
На платформата може да се аплицира со проекти што се однесуваат на една од трите области на дејствување: солидарност и меѓусебна поддршка, развој и напредок преку еднаквост, инклузија и образование и грижа за животната средина и одговорно дејствување во согласност со природата. Ќе бидат земени во предвид само иницијативи што вклучуваат волонтерски ангажман, ги поврзуваат луѓето околу заедничка цел и поттикнуваат активно учество во заедницата.
По затворањето на повикот, сите пристигнати проекти ќе поминат низ процес на ревизија и евалуација, по што ќе бидат избрани иницијативите што ќе добијат поддршка од
dm. Проектите што ќе бидат избрани ќе бидат објавени од септември 2026 година, а нивната реализација ќе придонесе за создавање позитивни промени во заедниците низ државата.
„
Иднина која инспирира“ не е наменета само за организациите што развиваат проекти. Платформата овозможува и поединците да ги споделат своите волонтерски искуства и општествено одговорни иницијативи, со што добрите примери добиваат поголема видливост и можат да поттикнат уште повеќе луѓе активно да се вклучат во создавање позитивни промени во заедницата.
Повикот за пријавување е отворен до 31 јули 2026 година. Доколку имате проект или волонтерски ангажман, ова е можност вашата идеја да стане дел од платформата „
Иднина која инспирира“ и да се приклучи на бројните иницијативи што веќе инспирираат подобра иднина.
(Комерцијална објава)