Туристите ѝ го вртат грбот, хотелите зјаат празни: Некогаш омилената дестинација во сѐ поголеми проблеми
Островот познат по карипските плажи и колонијалната архитектура бележи драстичен пад на бројот на посетители, додека празните хотели стануваат нова секојдневие.
Според достапните податоци, Куба во првите пет месеци годинава ја посетиле околу 360.000 странски туристи, што е за 58 проценти помалку отколку во истиот период минатата година. За споредба, соседната Доминиканска Република за само шест месеци привлече десетпати повеќе гости.
Кризата ја продлабочува новиот бран на американски санкции
Последиците се особено видливи во историското јадро на Хавана. Ла Хабана Вијеха, некогаш преполна со туристи, денес е речиси пуста. Уличниот музичар Елио, кој речиси 30 години свири гитара на плоштадот Плаза Вијеха, вели дека посетители доаѓаат само повремено.
- Можеби сите останаа дома. За еден час поминува само еден турист - рече тој.
Кризата ја продлабочуваат новиот бран на американски санкции и проблемите со снабдувањето со гориво, кои предизвикаа тешкотии во сообраќајот и во енергетскиот систем. Недостигот на гориво го погоди и воздушниот сообраќај, па одредени авиокомпании ги откажаа летовите бидејќи во Куба веќе не можеа да ги снабдуваат своите авиони со гориво.
Вашингтон истовремено го засили притисокот врз странските компании што работат со кубанската војска, која управува со голем дел од туристичката инфраструктура, поради што некои меѓународни хотелски синџири го напуштија кубанскиот пазар. Американските власти тврдат дека целта на санкциите е да се поттикнат политички и економски промени, како и да се создаде простор за поголеми странски инвестиции.
Туристичкиот сектор, кој сè уште не закрепнал од последните од пандемијата, дополнително е погоден од новите санкции. Директорката на туристичката агенција Кубанија, Луси Дејвис, вели дека сè помалку луѓе сакаат да патуваат во земја во која има недостиг на ресусри и економска криза.
- Луѓето можат да прифатат одредени непријатности за време на одморот, но одењето на Куба денес сè повеќе наликува на мрачен туризам - рече таа.
Додава дека нејзината агенција денес повеќе се занимава со собирање донации во храна отколку со организација на туристички патувања.
И покрај тоа што многу хотели работат речиси без гости, кубанските власти продолжуваат да градат нови сместувачки капацитети, а економистите предупредуваат дека големото потпирање на туризмот и засилените американски санкции ја продлабочиле економската криза во земјата.
Фото: magnific