Проверете дали медот е природен со следниве 10 теста
Покрај тоа што е потребна детална анализа за да се утврди
составот на медот, постојат и некои тестови кои помагаат да се открие потеклото на овој најприроден извор на здравје.
1. Прв чекор е да се прочита декларацијата на амбалажата од медот при изборот на квалитетен чист мед кој не содржи адитиви. Имено, производителите мора да ги назначат составот на медот и процентот што ја изразува количината.
2. Природниот мед не е леплив, тоа можете да го проверите ако протриете малку мед меѓу прстите. Вистинскиот мед треба да се впие во кожата. Ако со триењето станува леплив, значи дека содржи шеќер или вештачки засладувачи.
3. Неколку лажици мед ставете во сад и потоа загрејте го на висока температура во микробранова печка. Вистинскиот мед ќе се карамелизира, додека лажниот ќе стане пенест и преполн со меурчиња.
4. Неколку капки мед на хартиена крпа исто така може да откријат колку медот има чист состав. Ако по извесно време медот не ја пробие хартијата, значи дека е чист. Во спротивно, оној што содржи вода во својот состав, ќе ја пробие хартијата само по неколку секунди.
5. Друг сигурен тест за исправноста на медот е трикот кој го користат пчелите во одбрана од непосакуваните гости во својата кошница, како што се мравките. Според тоа, ставете малку мед во близина на мравки, ако е природен, мравките ќе го заобиколуваат.
6. Вода помешана со чист мед е најлесен индикатор за составот на медот. Имено, чистиот мед во водата ќе се згрутчи и ќе падне на дното од чашата, додека лажниот мед ќе почне да се топи.
7. Боцкањето во устата и чувството на воспален јазик го предизвикува чистиот мед, додека лажниот нема да предизвика таков ефект на непцето.
8. Намачкајте мед на едно парче леб, ако е вистински, лебот ќе се стврдне, додека лажниот ќе ја навлажни површината, се разбира, поради количината на вода во својот состав.
9. Помешајте малку мед со жолчка од јајце. Ако медот е чист, кога ќе ја изматите жолчката, ќе изгледа како да е зготвен.
10. Чистиот мед со текот на времето кристализира, лажниот и по подолго чување го задржува составот како сирупот.