Физичар ја оценува научната точност во најпознатите научнофантастични филмови

Физичар ја оценува научната точност во најпознатите научнофантастични филмови

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Дали некогаш сте гледале филм со личност на која ѝ пречеле сцените што никогаш не би се случиле во реалноста? Доминик Валиман не е еден од луѓето што може да уништат филм со вакви коментари, но тој е физичар и ги цени филмовите кои точно ги прикажуваат сцените и фактите.

- Ја прифаќам лошата физика во филмовите бидејќи целта на еден филм не е да биде научен, документарен филм, туку да раскаже интересна приказна - вели тој.


Фото: „Гравитација“/YouTube

Сепак, доколку го прашате за науката во филмовите, како што направил негов пријател во видеото подолу, тој искрено ќе ви каже што мисли и ќе сакате да го слушате бидејќи знае што зборува. Во видеото тој коментира на некои од неговите омилени научнофантастични филмови, фокусирајќи се на науката во филмовите.

Според Валиман, големите победници во релативната точност се „Гравитација“, „Контакт“, „Футурама“ и други. „2001: Вселенска одисеја“ е здодевен филм според Валиман, но тоа не му ја нарушува научната репутација.

Кога станува збор за најголемите неуспеси во поглед на науката, Валиман ги набројува „Ѕвездени патеки“ од 2009 и „Паркот Јура“, меѓу другите.


Извор: openculture.com