Листа на земји каде помалку се работи, а повеќе се одмора

Листа на земји каде помалку се работи, а повеќе се одмора

Подготвил: Драгана Петрушевска

Балансот помеѓу професионалните обврски и приватниот живот сè почесто се смета за важен фактор за благосостојба. Во некои земји на работниците им е полесно да го постигнат посакуваниот баланс во однос на други земји.

Рангирање на земји покажува кои држави имаат најдобри услови за постигнување баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот. Во рангирањето биле земени предвид повеќе фактори, како бројот на работни часови во седмицата, должината на годишниот одмор, процентот на жители кои имаат непречен сон, должината на животниот век и чувството на среќа.

По овие критериуми, на врвот на листата се наоѓа Луксембург. Во оваа земја работодавците ги наградуваат вработените со повеќе слободни денови како што стареат. Така, работниците постари од 55 години во Луксембург имаат просечно 35 дена платен годишен одмор.

На второто место се наоѓа Австрија, а на третото Данска. Во овие две земји, работниците добиваат најмалку 25 дена платен годишен одмор.

Најдобри земји за баланс помеѓу приватен и професионален живот

1. Лукесмбург
2. Австрија
3. Данска
4. Норвешка
5. Финска
6. Шведска
7. Франција
8. Белорусија
9. Холандија
10. Швајцарија

Подолу на листата, Велика Британија се наоѓа на 17 место, а САД на 87 место, најмногу бидејќи на работниците не им се гарантира платен годишен одмор.

Лошо рангирани се Кина, Мексико и Малезија, каде работниците работат просечно 46 часа неделно, но добиваат малку денови за одмор. Во Кина, гарантирани се само 5 работни дена за одмор, во Мексико - 6, а во Малезија - 8.

Извор: Studomat
Извор: Pixabay