Слушнете го движењето на Сонцето

Слушнете го движењето на Сонцето

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

СОХО - соларната и хелиосферна опсерваторија го следи динамичното движење на атмосферата на Сонцето повеќе од 20 години. Сега нејзините податоци се претвораат во звук, овозможувајќи ни да го слушнеме движењето на Сонцето - сите негови бранови и ерупции.

Податоците ги доловуваат природните вибрации на Сонцето и им даваат на научниците конкретна репрезентација на неговите движења. Алекс Јанг е вонреден директор за наука во Одделот за хелиофизика во Центарот за вселенски летови Годард на НАСА.

- Немаме директен начин да ѕирнеме во внатрешноста на Сонцето. Немаме уред за да зумираме во внатрешноста на Сонцето. Затоа, користењето на вибрациите на Сонцето ни овозможува да ѕирнеме во него - изјави тој.

Овие вибрации им овозможуваат на научниците да проучуваат низа комплексни движења во Сонцето, од соларни ракети до коронални масовни исфрлувања.