Што е подобро за вашиот мозок - 15 минути џогирање или 15 минути релаксирање?

Што е подобро за вашиот мозок - 15 минути џогирање или 15 минути релаксирање?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Ако сакате брзо поттикнување на работата на вашиот мозок, тогаш која е најдобрата активност за тоа? Научниците анализираат што е подобро - дали краткото релаксирање или џогирањето ќе го зајкне вашето спознание. Го имаат победникот. Врзете си ги патиките!

Веќе постојат докази дека кратките аеробни вежби кои не се премногу интензивни, како што е трчањето, може да обезбедат моментален поттик на начинот на кој функционира вашиот ум. Особено влијае врз контролата на брзината и вниманието, како и врз вашето расположение. Сега, новото истражување во кое биле вклучени 101 студент на додипломски студии покажува дека емоционалните ефекти на вежбањето носат специфични когнитивни придобивки.

трчање

Учесниците морале да ги рангираат нивните нивоа на енергија и енергичност и да завршат два когнитивни теста. Овие биле базирани на „Тестот за создавање патека“, каде што субјектот мора да нацрта линии помеѓу буквите и бројките колку што е можно побрзо и попрецизно, па така да ги измери својата ментална брзина и контрола на вниманието.

По тестирањето, еден дел од студентите оделе на 15-минутно трчање, додека другите извршувале групна вежба за релаксација. Две минути по овие сесии, студентите одговарале на истите прашања и како претходно, ги завршиле когнитивните тестирања, што укажувале на нивното ниво на енергија.

Студентите што џогирале покажале одлично подобрување на когнитивните тестови, а чувствувале и зголемена енергија. Истражувачите сметаат дека ова покажува дека трчањето му помогнало на спознанието со тоа што влијаело врз субјективното чувство на поголема енергија. Од друга страна, групата што се релаксирала била помалку енергична.

Истражувањето било спроведено од Фабијан Легранд заедно со неговите колеги. Легранд смета дека се потребни дополнителни истражувања за да се следат овие заклучоци, но вели дека ова истражување веќе дало дополнителна тежина на неодамнешните истражувања кои откриле дека зголеменото чувство на енергија може да посредува во односот помеѓу аеробните вежби и некои аспекти на когнитивното функционриање. Накратко кажано - трчањето е добро за вашиот мозок.