Загатка што можат да ја решат само 1 отсто од луѓето - Дали вие сте меѓу нив?
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Одржувањето на вашиот мозок активен помага во подобрување на когнитивните способности и меморијата и придонесува за поголем фокус.
Во продолжение ви пренесуваме загатка што може да ја решат само 1 отсто од луѓето, а ги збуни корисниците на социјалните мрежи.
- Само еден отсто од луѓето можат да прочитаат што се крие на оваа фотографија - пишува „Хектик Ник“ на неговиот профил на „Тик-ток“, давајќи совет за полесно дешифрирање на текстот.
Фото: hecticnick/Tiktok
Имено, тој советува да ги затворите малку очите кога го читате текстот. Доколку не сте меѓу оние што успеале да ја дешифрираат загатката, станува збор за „BAD EYES“.
Мозочните загатки се дизајнирани на различни начини, а оваа се покажала како доста предизвикувачка што само оние со висок коефициент на интелигенција би можеле да ја решат. Некои веруваат дека редовното вежбање на мозокот може да ги одложи симптомите на деменција.
Извор:
Klix.ba
Фото: Freepik