Интересна игра што ги спојува шахот и Рубиковата коцка

Интересна игра што ги спојува шахот и Рубиковата коцка

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Замислете партија шах што се прекинува за да се реши Рубикова коцка. Токму така изгледа играта наречена Рубиков шах.

Првиот турнир во оваа необична дисциплина се одржа во Будимпешта, главниот град на Унгарија. Концептот бил осмислен од Ерно Рубик, пронаоѓачот на познатата коцка, и Џудит Полгар, шаховски велемајстор.

- Тоа се две многу различни нешта, но има нешто што ги поврзува - фактот дека го користиме умот - вели Рубик.

Во тимот има двајца членови. Додека едниот игра брзопотезен шах, другиот ја решава Рубиковата коцка, а најбрзиот пар е победник.

 

Извор: ВВС
Фото: Screenshot/ВВС