Новиот телескоп на НАСА откри планета со големина на Земјата што орбитира околу две ѕвезди

Новиот телескоп на НАСА откри планета со големина на Земјата што орбитира околу две ѕвезди

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Најновиот телескоп за лов на планети на НАСА пронајде планета со големина на Земјата која орбитира околу две ѕвезди.

Светот познат како „ТOI 1338 b“ е во зона погодна за живеење, што значи дека орбитира околу своето Сонце на растојание што може да му овозможи да поддржува течна вода.

Тоа се смета дека е клучна состојка за живот, што ги наведува научниците да се надеваат дека далечниот свет би можел да биде домаќин на вонземјани.

Сателитот „ТЕС“ на НАСА беше испратен во вселената со надеж дека ќе забележи далечни светови додека се движат пред нивните ѕвезди и ја блокираат светлината. Ова го отежнува забележувањето на планетите што орбитираат околу две ѕвезди, што го прави откритието огромен пробив.

Ѕвездениот систем познат како „TOI 1338“ е оддалечен 1.300 светлосни години. Составен е од новооткриената планета како и нејзините две сонца, од кои едното е малку посветло од нашето, а другото е студено.

nasa
Фото: Printscreen/Independent


Самата планета е речиси седум пати поголема од Земјата, или приближно некаде помеѓу Нептун и Сатурн.

Новиот вселенски телескоп „ТЕС“ има четири камери што се користат за постојано прегледување на различни „парчиња“ на небото. Целта е да се забележи кога ѕвездите што може да ги види привремено се затемнуваат, што може да укаже дека некоја планета поминала пред нив.

Затемнувањето што на крајот се идентификува како „TOI 1338 b“ првпат било забележано од практикантот на НАСА, Волф Кукиер.

- Гледав низ податоците и барав, кога забележал сигнал од системот наречен „TOI 1338“. Прво мислев дека е ѕвездено затемнување, но тајмингот беше погрешен. Се покажа дека е планета - вели Волф.

- Ова се типови сигнали со кои алгоритмите навистина се борат. Човечкото око е исклучително добро во изнаоѓање шеми во податоците, особено непериодични шеми и модели како оние што ги гледаме во транзитите од овие системи - вели Веселин Костов, водечки автор на истражувањето и научник за истражување на Институтот „Сети и Годард“.