Како Американците ги „ослепија“ радарските системи и незабележано навлегоа 20 км во Венецуела?

Како Американците ги „ослепија“ радарските системи и незабележано навлегоа 20 км во Венецуела?

Американците направија потфат како од воен прирачник. Користејќи ги тајните служби и елитните воени единици, тие успеаја да продрат повеќе од 20 километри во внатрешноста на Венецуела, да го лоцираат и уапсат Николас Мадуро и да се повлечат без да изгубат луѓе и опрема.

Иако во минатото многу се зборуваше за единицата „Делта форс“ и 160. полк за специјални воздушни операции „Најт стокерс“, кои биле врвот на копјето на операцијата „Апсолут ризолв“, ретко кој знае дека успешниот исход за Американците би бил невозможен без клучниот придонес на авионите „EA-18G гроулер“.


Фото: Википедија

Станува збор за невидливиот херој на операцијата. Тоа е посебна верзија на легендарниот „F-18 супер хорнет“, унапредена верзија на „F/A-18 хорнет“, која е дизајнирана за една цел - да ја ослепи непријателската противвоздушна одбрана.

Авионите „гроулер“ служат во воената морнарица на САД. Овие авиони се дизајнирани да детектираат, лоцираат и потиснуваат непријателски радари, оставајќи ја противвоздушната одбрана во мрак. Со денови пред почетокот на операцијата Американците со систематски летови со „EA-18G“ во близина на бреговите на Венецуела ја мапирале електромагнетната борбена формација на непријателот, односно организацијата и положбата на електронските системи на Венецуела, барајќи слаби точки. Ја барале Ахиловата пета која хеликоптерите „најт стокерс“ би можеле да ја искористат за да продрат до скривницата на Мадуро.

Од информациите што ги собрале авионите, САД веројатно ги познаваат можностите на венецуелските радари подобро и од генералите во земјата, пишува „Еуроњуз“. Потоа офицерите од американската морнарица ги анализирале податоците одделувајќи ги силните од слабите точки на мрежата за да испланираат маршрута и точки на влез и излез на хеликоптерите. Потоа ги споделиле клучните информации со сите гранки на американските вооружени сили и штом било дадено зелено светло за почеток на операцијата, бродовите и авионите ги нападнале воените аеродроми во Ла Карлота и Игуероте и еден радар на Ел Волкан. Со нападот биле неутрализирани лансирачите и командно-контролните центри на руските противвоздушни системи BUK-M2E. Без нив конвојот од хеликоптери кој ги превезувал припадниците на „Делта форс“ стасал речиси незабележано до базата „Форт Тинуа“ во југоисточно предградие на Каракас.

Вреди да се напомене дека покрај борбените авиони на американската морнарица, се чини дека клучна улога во операцијата имале и беспилотните летала на САД. Прилично ретко појавување имал „RQ-170 сентинел“, една од најтајните програми на Пентагон. Иако нема официјална потврда за учеството во операцијата, едно од овие летала било видено како слетува во воздухопловната база во Порторико неколку часа по апсењето на Мадуро.

„RQ-170 сентинел“ има способност да работи исклучително со пасивни сензори, без емитување какви било фреквенции, што резултира со тоа што не се открива положбата на леталото. Тој е дизајниран за операции за собирање разузнавачки податоци, надзор и извидништво во опкружување со повеќе закани. Трупот на леталото потсетува на бомбардерот „B-2 спирит“, а се карактеризира со материјали кои апсорбираат радар, покриени влезови на моторот и други нешта што го минимизираат неговиот радарски одраз, правејќи го практично невидлив.

RQ-170 има способност да работи исклучително со пасивни сензори, без емитување какви било фреквенции, што резултира со тоа што не се открива неговата положба додека овозможува слика со висока резолуција во облачни услови, во текот на ноќта, па дури и под лисја бидејќи е опремен со радар SAR (Synthetic Aperture Radar). Се проценува дека неговата главна улога во операцијата била собирање информации за движењето на трупот и наведување на крстосувачките ракети на нивните цели, овозможувајќи податоци на гаѓање.

Извор: Euronews
Насловна фотографија: Freepik