Најголемиот плоштад во светот - толку е голем што не се гледа од крај до крај

Најголемиот плоштад во светот - толку е голем што не се гледа од крај до крај

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Кина е позната по огромните градски плоштади. Дури четири од десетте најголеми плоштади во светот се наоѓаат во Кина.

Најголемиот меѓу нив е плоштадот „Сингхај“ во градот Далијан. Овој плоштад е толку голем што, во својот најширок дел, не можете да ја видите другата страна, а се протега на дури 1,5 километар. Колку што е неверојатна неговата големина, толку е и поетично неговото име, кое во превод значи „море од ѕвезди“.


Симболика и историја

 

Плоштадот „Сингхај“ е изграден во 1998 година, по повод стогодишнината од основањето на градот Далијан. Споменикот со илјада отпечатоци од стапала и отворената книга свртена кон морето потсетуваат на бурната и богата историја на градот. Традиционалниот столб „Хуабиао“, висок речиси 20 метри, претставува еден од неговите најпрепознатливи симболи.


Околу плоштадот се наоѓаат луксузни станбени комплекси, ресторани, банки, продавници за луксузни спортски автомобили, како и забавен парк.

Во непосредна близина се и плажата „Ксингаи беј“, хотелот „Кесл“, Музејот на модерната историја на Далијан и Музејот на школки.

Извор: Nezavisne.com
Фото: Screenshot/YouTube