Трикови за безбедно одење по замрзнат пат
Одењето по мраз не е лесно за никого, но со некои правила и трикови сепак можете да ја намалите можноста за паѓање.
Повредите предизвикани од лизгање и паѓање на мраз можат да бидат различни - од болки во грбот и разни скршеници до потреси на мозокот. Тие се особено ризични за постарите лица бидејќи имаат покревки коски и потешко закрепнуваат.
За да одите побезбедно на ледени површини и да го намалите ризикот од сериозни повреди, се препорачува да следите неколку едноставни совети.
Рацете нека ви бидат слободни
Додека одите, не држете ги рацете во џебовите, не гледајте во мобилниот телефон и не носете тешки торби. Во случај на пад, слободните раце можат да ви помогнат да се фатите и да го ублажите ударот.
Одете со поширок чекор
За подобра стабилност, се препорачува да одите малку пошироко од вообичаеното. Овој начин на одење ја намалува можноста за лизгање. Дополнителни помагала, како што се бастун или чадор, можат да придонесат уште повеќе за безбедноста.
Обидете се со трикот со чорапи
За побезбедно и полесно одење, физиотерапевт препорачува практичен трик: исечете го делот за прстите на подебел чорап и ставете го преку чевлите. На овој начин предниот дел од чевлите добива подобар контакт со земјата, што го намалува ризикот од паѓање. Овој метод често го користат постарите лица, но и помладите можат да го користат, особено кога излегуваат навечер бидејќи е речиси незабележлив.

Наведнете се малку нанапред
Кога одите по мраз, корисно е малку да го наведнете телото нанапред. Овој од наликува на одењето на пингвин, при што тежината на телото е порамномерно распределена, што го олеснува одржувањето на рамнотежата.
Избегнувајте чевли со рамен ѓон
Чевлите и чизмите со мазни и рамни ѓонови не се погодни за ледени површини. Чевлите со подебел ѓон и зимските чизми, заедно со горенаведените совети, ќе ви го олеснат движењето по замрзнатите улици.
Извор: avaz.ba
Фото: Freepik