За патувања, патики и кафе без калкулации – ова е Zipp Club!
Ајде отворено да си кажеме – никој од нас не сонува за банкарска сметка. Сонуваш за патување со друштвото, фестивал во друг град, нови патики што ги гледаш веќе три месеци или само кафе во твојот омилен „спот“ без грижа дали ќе ти стигнат пари до крајот на месецот.
И тука влегува нешто што дефинитивно не звучи како обичен банкарски пакет -
Zipp Club. Нова програма за сите под 30 години, која ги следи енергијата, слободата и стилот на младоста со целосно дигитално искуство, екостав и многу фини изненадувања.
Zipp Club доаѓа со Zipp Mastercard, а тоа е повеќе од картичка
Да почнеме со тоа дека е бесплатна, направена од екопластика и можеш да ја избереш во два дизајна што буквално викаат „ова сум јас“. Со неа секое твое плаќање, било во кафуле во Скопје или во музеј во Барселона, ти носи поени за кешбек или ваучери преку програмата
BonusBox. А ако купуваш во продажни места означени како
Zipp Spots, добиваш специјални попусти само затоа што си дел од клубот.
Целосна контрола, без банкарски муабети
Zipp Club е за оние што сакаат да имаат чиста контрола врз своите пари, без компликации. Пакетот носи уште цел сет одлични бенефиции:
• Бесплатна платежна сметка и дигитално банкарство, што функционира како апликација, а не како банка,
• Бесплатни налози за плаќања кон факултет за партиципација, уписи, потврди..., затоа што студентскиот живот и така има доволно бирократија,
• Брзи плаќања со Apple Pay, Google Pay, Garmin Pay, „Плати на пријател“, „Подели сметка“, без да бараш пари по џебови.
За оние што живеат во движење, Zipp Club ја следи секоја авантура:
• Бесплатен роаминг интернет и пристап до VIP зони на над 1.500 аеродроми (да, вистински VIP),
• Попусти при патување во странство,
• Посети на настани посветени на менталното здравје, финансиската писменост, личниот развој и други интересни теми.
А најубавото? Можеш да освоиш патувања, концерти и куп други награди преку Zipp наградни игри и предизвици.
Zipp e заедница што менува
Zipp Club е и заедница што сака да направи добро за општеството. Со секој отворен пакет, Комерцијална банка засадува дрво како „Зелен поБОРник“ и поддржувач на иницијативата за пошумување „Боренка“ што ја организира Сојузот на извидници на Македонија.
Плус, ти и останатите членови на Zipp Club гласате за тоа кои општествено важни проекти ќе добијат донација од Комерцијална банка.
Да, твојот глас може буквално да засади шума и да поддржи добра идеја.
Како да станеш дел од Zipp Club?
Супер едноставно:
• го активираш онлајн преку мБанка, Интернет банка или со електронска идентификација преку
OneID,
• или пополнуваш кратко барање во најблиската експозитура на Комерцијална банка.
Се користи бесплатно за сите што не се вработени, а за оние што веќе имаат работа, има цена од само 30 денари месечно.
Zipp Club ја разбира твојата динамика и знае дека „штедење“ и „забава“ не мора да бидат спротивности. Биди дел од клубот што знае дека младоста не се планира туку се живее.
(Комерцијална објава)