Фотографиja од смртоносен судир помеѓу две ѕвезди

Фотографиja од смртоносен судир помеѓу две ѕвезди

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Астрономите успеале да фотографираат судир помеѓу две ѕвезди кој кулминирал во распрскнување на разнобојна ѕвездена материја низ вселената.

Фотографијата беше објавена во средата од страна на Европската јужна опсерваторија (ЕСО) и на неа се гледа резултат од директен судир помеѓу ѕвезди во ѕвездениот систем наречен ХД101584, кој се наоѓа на илјадници светлосни години оддалеченост од Земјата.



Фото: ЕСО

Во ХД101584 се наоѓа мала џуџеста ѕвезда заробена во орбита на поголема ѕвезда која ја поминала фазата на црвен џин и сега е, практично, мртва.

Црвените џинови се создаваат кога ѕвездите со средна големина, како што е Сонцето, ги догоруваат последните резерви на водород, што предизвикува ширење и отфрлање на надворешните слоеви на гасови.

Кога се случил овој процес во ХД101584, џуџестата ѕвезда била апсорбирана од поголемата планета, но пред да се случи тоа таа кружела околу јадрото на планетата во изумирање, што предизвикало реакција во црвениот џин. Како резултат на ова, се исфрлиле гасови од поголемата планета кои се забележани на фотографијата.