Маските се ефективни, а ова видео го покажува тоа

Маските се ефективни, а ова видео го покажува тоа

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Канаѓанец на едноставен начин успеа да покаже колкав ефект има носењето маски.

Мајкл Бејкер од Саскатон, Канада, сними видео додека седел во неговиот камион. Со оглед на тоа што времето надвор било прилично студено, неговиот здив бил видлив во воздухот, па добил идеја да ја искористи можноста и да докаже колку се ефективни маските.

- Забележав колку добро мојот здив се покажуваше додека бев во камионот, па си реков дека тоа е совршен начин да покажам како воздухот се движи со и без маска - вели тој.

Кога Бекер издишува без маска, може да се види како неговиот здив се шири пред него. Со маската, само мал дел од воздухот излегува.

Извор: Huffingtonpost.ca
Фото: Twitter/Screenshot