10-минутна тишина дневно е хигиена за мозокот - научете како да се исклучите од сѐ
Подготвил:
Билјана Спиркоска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Тишината од 10 минути дневно може да има неверојатно позитивно влијание врз менталното здравје на човекот. Во културата на постојан мултитаскинг, вршењето повеќе работи одеднаш и неуморното допишување, тишината може да дејствува радикално. Кога ќе си овозможиме тишина од само 10 минути, без зборување, без музика, поткасти или допишување, се забележува нешто мерливо во нас - се продлабочува здивот, се спуштаат рамената...
Доволно е една тивка соба, исклучени звуци на телефонот и затворени очи
Нашиот нервен систем, напрегнат од рокови и допамински удари, почнува да се рекалибрира. Кратката, намерна тишина му дава дозвола на нашето тело да се повлече од состојба на подготвеност. Замислете го тоа како секојдневно ново започнување, а не како луксузно повлекување, кое е достапно за сите, бесплатно и многу силно. Трикот е во разбирањето што оваа тишина ѝ прави на нашата „машина за стрес“ и како е добро да се користи.
Голем дел од нас денот го минуваат префрлајќи се од е-пошта на барања, втурнувајќи го симпатичкиот систем на телото во хронична состојба на „бори се или бегај“. Десет минути тишина го прекинуваат тој циклус. Како што се намалува примањето звуци, мозокот го намалува скенирањето на заканите, нервот луталник добива поголемо влијание, а парасимпатичкиот систем ги повикува срцето, белите дробови и цревата да се смират. Често ќе забележите суптилно забавување на пулсот и омекнување на мускулите на вилиците и на вратот. Тишината, всушност, е физиолошки сигнал дека сте доволно безбедни за да ја намалите брзината.
Доволни се тивката соба, исклучените звуци на телефонот и очите во мирување. Телото брзо реагира на намалувањето на стимулациите, особено ако ова се практикува секојдневно. Со текот на времето оваа мала рутина станува тампон, намалувајќи ја нашата основна реактивност, така што лесно може да се контролираат изненадувањата.
Што прави мозокот во тишина?
Тишината го менува сообраќајот во мозокот. Со помалку звуци за обработка, слушниот кортекс не брза, а мрежите кои ги регулираат вниманието и расположението повторно се балансираат. Кога ќе стивне бучавата, мозокот создава простор за поправка, архивирање и преобликување.
Тишината од 10 минути го намалува когнитивното оптоварување така што нашиот префронтален кортекс повторно добива сила. Станувате делумно помалку реактивни и делумно попроникливи. Десет минути тишина нема да ја избришат анксиозноста, но може да ги насочат нашите невронски нагодувања кон стабилно внимание.
Десетте минути тишина треба да се сфатат како хигиена за главата. Изберете доследен термин - по туширање, по ручек или во превоз со чепчиња за уши - и заштитете го, никој да не ви пречи во тие десет минути. Седнете удобно, затворете ги очите, без звуци, без читање, без скролање. Дишењето нека биде природно. Ако помага, бројте бавно издишување од еден до осум, а потоа почнете повторно. Целта не е совршена тишина, туку намален внес на што било доволно долго за да се ресетира вишиот систем.
Извор:
eklinika.telegraf.rs
Фото: Freepik