Само две земји би можеле да преживеат нуклеарна војна
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Ново истражување предупредува дека во случај на целосен глобален нуклеарен конфликт, само две земји, Австралија и Нов Зеланд, би можеле да ја преживеат катастрофата на долг рок. Ова доаѓа во момент кога конфликтот меѓу САД, Израел и Иран е доста интензивен.
Научни сценарија за нуклеарна војна
Темата за нуклеарна војна ја покрена Ани Џејкобсен, новинарка, истражувач и авторка на книги. Во нејзината книга „Нуклеарна војна: Сценарио“ од 2024 година, таа тврди дека голем број луѓе би загинале во првите 72 минути од почетокот на нуклеарниот конфликт.
Тие што би ги преживеале првичните експлозии би се соочиле со последици кои би биле еднакво смртоносни. Целосна нуклеарна војна би предизвикала стотици милиони смртни случаи.
„Нуклеарна зима“ и долгорочни последици
Според Џејкобсен, потоа би следувала „нуклеарна зима“ - со чад и пепел, пад на температурата, уништување на озонската обвивка и колапс на земјоделството за период од 10 години.
Следните години би имало околу пет милијарди смртни случаи поради глад, радијација и колапс на цивилизацијата.
- Места како Ајова и Украина би биле покриени со снег десет години, па земјоделството би пропаднало. Кога земјоделството пропаѓа, луѓето едноставно умираат - вели таа.
Зошто би преживеале само Австралија и Нов Зеланд?
Ани Џејкобсен објаснува дека географската изолација и климатските услови на Австралија и на Нов Зеланд би им овозможиле да се заштитат од нуклеарната зима и да го одржат земјоделството, за разлика од поголемиот дел од светот каде што реколтата би пропаднала.
- Австралија и Нов Зеланд би преживеале нуклеарната зима и би можеле да одгледуваат земјоделски производи. Луѓето би морале да живеат во темница. Предвидувам дека би се бореле за храна и би живееле под земја - додава Џејкобсен.
Овие предупредувања доаѓаат во контекст на актуелните светски настани.
Извор:
n1info.hr
Фото: Freepik