НАСА сподели неверојатни фотографии од Јупитер

НАСА сподели неверојатни фотографии од Јупитер

Подготвил: Тамара Гроздановски

Со пандемијата со која соочуваме овие денови на Земјата, еден начин да ги тргнете мислите од ситуацијата е да ја погледнете убавината на космосот.

За среќа, НАСА сè уште ја истражува вселената и нејзините чуда, а неодамна, Националната аеронаутика и вселенска администрација објави нови фотографии од Јупитер. Неверојатните пејзажи на бурната јужна хемисфера на оваа планета ќе ве однесат во една друга димензија.

Вселенското летало на НАСА, „Џуно“, прави фотографии од планетата уште неговото прво поминување покрај Јупитер во 2016 година. Оттогаш, „Џуно“ има направено неверојатни фотографии и им помага на научниците да научат важни информации за овој гасовит џин.


Извор: Bored Panda
Фото: Nasa.gov