Нова апликација „Граѓанин на науката“ ги вклучува сите возрасни во борбата против Ковид-19

Нова апликација „Граѓанин на науката“ ги вклучува сите возрасни во борбата против Ковид-19

Подготвил: Тамара Гроздановски

За луѓето да помогнат во борбата против новиот коронавирус, покрената е нова иницијатива од лекарите-научници од Универзитетот во Калифорнија, Сан Франциско, наречена „Ковид-19 граѓани на науката“, ќе им овозможи на сите луѓе над 18 години да помогнат во борбата против болеста.

Ширењето на Ковид-19 се разликува кај поединци и региони, а факторите што одредуваат како влијае врз поединци и популации не се добро познати. Учесниците можат да помогнат со поставување информации во самата апликација. Така, апликацијата на истражувачите може да им помогне да откријат како се шири вирусот и да идентификуваат начини за предвидување и намалување на бројот на инфекции.

Грегори Маркус, професор во Одделот за медицина на Универзитетот во Калифорнија вели дека научниците се надеваат дека новото истражување ќе стане вирално на добар начин - а целта е да се приклучат повеќе од 1 милион лица низ целиот свет.

- Од секој учесник бараме да сподели линк со најмалку пет други луѓе. Сакаме да покажеме дека бројот на луѓе што се пријавиле во ова научно истражување и што ги даваат нивните податоци може да се зголеми експоненцијално, побрзо од самата болест - вели Маркус.

За да го илустрираат овој очекуван експоненцијален раст, истражувачите планираат да создадат и да споделат визуелизација на податоци што ќе го мапира вклучувањето на учесниците во реално време.

паметен телефон
Фото: Pixabay

Со мерките што владите ги воведоа низ земјите, истражувањата за јавното здравје се прилично тешки, но Маркус ги охрабрува сите да се приклучат на проектот со преземање на апликацијата. Откако ќе ја преземат апликацијата, учесниците треба да пополнат анкета за нивното здравје и нивните секојдневни навики. Подоцна, во текот на неделата следуваат последователни прашања за кои се бара да издвоите од 5 до 15 минути неделно.

На учесниците ќе им се даде опција да обезбедат континуирани податоци за геолокација (Џи-пи-ес) и дополнителни податоци од други уреди за био-мониторинг вклучувајќи крвен притисок, тежина, ниво на кислород во крвта, телесна темепратура, вежбање и спиење.

На долг рок, колективното учество во проектот ќе им помогне на научниците да ги идентификуваат однесувањата, влијанијата и факторите што го зголемуваат или намалуваат ризикот од инфекција или што влијаат на резултатите по заразата, вели Маркус. Колку е поголем бројот на учесници, толку е поголема веројатноста за статистички валидни наоди што произлегуваат од истражувањето.

Овој проект има потенцијал да стане најголемото епидемиолошко истражување за заразна болест.

Извор: Good News Network