Гигавајб со А1 припејд! - Нов месечен припејд-пакет XXL преку Мојот А1

Гигавајб со А1 припејд! - Нов месечен припејд-пакет XXL преку Мојот А1

A1 Македонија воведува нова атрактивна понуда за корисниците на мобилната припејд-телефонија достапна преку апликацијата Мојот А1 со која добиваат можност за супер забава, многу гигабајти и уште поголема можност за споделување возбудливи доживувања и бескрајни разговори.

Со новиот месечен припејд XXL пакет, за само 299 денари, корисниците добиваат неограничено сурфање на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм, Тик-ток, X, Месинџер, Снепчет и Вацап, неограничени разговори и СМС-пораки кон сите национални мрежи и 10 ГБ мобилен интернет за опуштено сурфање цел месец.

- Оваа најнова припејд-понуда ја дизајниравме да обезбеди флексибилност за нашите корисници и да отвориме можност за избор на пакет што најмногу одговара на нивните комуникациски потреби во модерното и динамично време. Со оваа понуда корисниците добиваат можност за слободна комуникација со најблиските, за сурфање на омилените страници и социјални мрежи, што претставува уште еден доказ за нашата посветеност кон креирање иновативни продукти што носат многу повеќе вредност - изјави Елена Панова, директорка за маркетинг и дигитална трансформација на А1 Македонија.



Пакетот XXL корисниците можат да го најдат преку апликацијата Мојот А1 во менито за Пакети, во делот Актуелни понуди. По активацијата, пакетот може да се користи откако корисникот ќе добие СМС-порака дека пакетот е активиран.

По истекот на валидноста, активираниот пакет автоматски се обновува по цена од 499 денари месечно, доколку корисникот има доволно кредит на припејд-сметката.

Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk или со јавување во Контакт-центар на 077 1234.

(Комерцијална објава)