Кој град во Европа има највисоки кирии?

Кој град во Европа има највисоки кирии?

Кириите во Амстердам се највисоки во Европа, а меѓу петте најскапи градови се холандските Ротердам и Хаг, покажа истражувањето на агенцијата „Хаусинг Евр“.

Агенцијата ги разгледа кириите за повеќе од 67.000 домови во 28 европски градови во првиот квартал од оваа година, а Амстердам се најде на прво место според цените, пред Рим и Париз, пишува „НЛ Тајмс“.

Амстердам е на прво место во сите три категории со просечна кирија од 2.276 евра месечно за стан, 1.740 евра за гарсониера и 963 евра за соба.

Просечната кирија за стан во Ротердам е 1.795 евра, а во Хаг 1.790 евра.

Во Ротердам цените на киријата се зголемија за 15,8 отсто на годишно ниво, а во Хаг за дури 25,6 отсто.

На листата со десетте најскапи градови за изнајмување е уште еден холандски град - Утрехт, кој го зазеде седмото место со просечна кирија од 1.746 евра.

Холандската асоцијација на станари „Вонбонд“ соопшти дека е шокирана од резултатите од истражувањето.

Извор: МИА