Дали знаете која е „најдебелата“ земја во светот, а воедно е и најмалку посетена

Дали знаете која е „најдебелата“ земја во светот, а воедно е и најмалку посетена

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Дали знаете која е „најдебелата“ земја во светот? Станува збор за Науру – островска држава која некогаш ја носела титулата за најмалку посетена земја.

Науру е третата најмала држава во светот, воедно и со највисок процент на дебелина меѓу населението. Годишно ја посетуваат само неколку стотици туристи, што ја сместува меѓу најмалку посетените земји на светот.

Имајќи предвид дека прекумерниот туризам е проблем во многу популарни дестинации низ светот, наоѓањето помалку истражени места кои нудат чувство дека сте зачекориле во недопрена област претставува предизвик за многу авантуристи.

Со помал број посетители од повеќето држави и како место каде што времето тече бавно, малата островска држава Науру се издвојува како неистражена дестинација.

Во минатото Науру беше најмалку посетената земја во светот со само 200 посетители годишно, а денес се наоѓа на четвртото место на оваа листа. Истовремено, таа е и третата најмала земја во светот. Отворениот рудник за фосфати на овој остров во југозападниот дел на Тихиот Океан, како и големата оддалеченост, можеби се причините зошто ретко се посетува.

Науру се наоѓа во Микронезија, североисточно од Австралија, и располага со корален гребен, кристално чисто море и бели песочни плажи.

До 2015 година Науру беше најмалку посетена земја во светот со само 200 туристи годишно. Тоа само по себе предизвика зголемен интерес, па бројот на туристи малку порасна.

По искористувањето на фосфатните наоѓалишта, на оваа уништена земја речиси и да не може да се одгледува овошје и зеленчук, па преработената и мрсна храна станала секојдневие.

Токму поради тоа, Науру се смета за „најдебелата“ земја во светот, со повеќе од 60 отсто од населението кое спаѓа во категоријата на дебели лица. Исто така, Светската здравствена организација известува дека Науру има и највисока стапка на консумација на цигари во светот.

Извор: Klix.ba
Фото: Wikipedia