Европската комисија подарува 40.000 карти за бесплатно патување низ Европа - еве кој може да се пријави и како
Европската комисија повторно подарува повеќе од 40.000 карти за 18-годишници за патување со воз низ Европа. Младите можат да се пријават во следните две недели, а карти можат да добијат и млади од Македонија.
Овој пат право на пријавување имаат сите родени помеѓу 1 јули 2007 и 30 јуни 2008 година. Пријавувањето е можно и пред 18, роденден, но учесниците мора да бидат полнолетни пред почетокот на патувањето.
Младите можат да се пријават до 22 април напладне преку Европскиот портал за млади, поединечно или како група до пет члена. Потоа им преостанува само да решат краток квиз за општо знаење за ЕУ и едно прашање за процена.
Комисијата и Извршната агенција за европско образование и култура потоа ги прегледуваат пријавите, а секоја година постојат два круга на пријавување.
Победниците ќе можат бесплатно да патуваат со воз низ ЕУ помеѓу 1 јули 2026 и 30 септември 2027 година. Патувањето може да трае до 30 дена, од кои најмногу седум дена со воз.
Од почетокот на оваа популарна програма, според податоците на ЕУ, се пријавиле повеќе од 1,9 милиони млади, а околу 431.931 од нив добиле карта.
Пријавувањето можете да го направите
ТУКА.
Извор:
Nova.rs
Фото: Freepik