Има 5 години, а почна да се однесува како бебе, дури и зборува така. Постојано ми вели дека сака повторно да биде во „мешето на мама“...

Има 5 години, а почна да се однесува како бебе, дури и зборува така. Постојано ми вели дека сака повторно да биде во „мешето на мама“...

Мојата ќерка има 5 години и разви многу промени во однесувањето во последниве неколку месеци. Почна да се однесува како бебе, па дури и да зборува така, постојано ми кажува дека сака да биде во „мешето на мама“ повторно. На почетокот мислев дека се шегува, но ова се случува подолго време. За најмала ситница плаче и се крие во некој ќош (никогаш не била казнета, ниту било побарано од неа да седи во ќош), негодува и се лути доколку не ја исполнам секоја нејзина желба, а кога сме на детски роденден или некаде излезени седи залепена до мене. Да напоменам, овој период одамна го надминавме кога беше помала и немавме никаков проблем до пред некое време, ниту пак имавме некоја промена за да почне повторно вака да се однесува, нема помало братче или сестричка, туку сестра близначка која воопшто не пројавува вакво однесување. Воедно, внимание и љубов им е посветено еднакво на двете, никогаш не се двоени за ништо, дури нејзе ѝ се посветува повеќе внимание поради погоре опишаното.
Кога ќе ја прашам што ја тера да се однесува така и дали има некој проблем или нешто ѝ се случува, дома или во градинка, најчесто одговара површно со некоја банална моментална причина и си продолжува повторно по старо. Кога се лути, најчесто клоца со нозете, ги стега забите и кенка како мало дете. Ве молам за совет и насока како да постапиме.

Одговорот од психологот прочитајте го на Деца.мк