Како да зборувате пред голема група луѓе ако сте интроверт?

Како да зборувате пред голема група луѓе ако сте интроверт?

Подготвил: Билјана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска

Ако сте личност која повеќе сака да пишува нешта и да ги остава луѓето да го читаат тоа наместо да зборува, треба да знаете дека секогаш постојат начини за минимизирање на таа анксиозност,  на кои може да се работи и со кои таа може да се претвори во нешто помалку парализирачко и поохрабрувачко. Овие совети може да ви помогнат да го совладате стравот од говорење пред многу луѓе.

1. Бидете остроумни

Можеби откако сте се опуштиле малку со зборувањето пред толпа, може да се согласите да зборувате за нешта за кои не сте експерт, но најдобриот начин за ублажување на анксиозноста е да знаете што зборувате. Треба да имате големо знаење за да можете да црпите од него бидејќи кога знаете дека го поседувате, тоа ќе ви ја даде самодовербата што можеби ја немате ако зборувате за нешто за кое сте помалку сигурни.

2. Подгответе се

Направете истражување и запишете си белешки за она за што треба или планирате да зборувате, дури и ако не планирате да ги искористите. Ако одите на дискусија со водител, прегледајте ги точките за дискусија и прашањата и кажете му на водителот за што не ви е пријатно да дискутирате. Ако одите на панел-дискусија, направете го истото и истражете ги панелистите за да бидете подготвени за типот на енергија или експертиза што тие ќе ја изнесат. Нема да боли и претходно да се запознаете со нив.

Подготовката значи и да знаете каков тип на уредување ќе има. Дали ќе има седишта? Подиум? Колку блиску ќе биде публиката до сцената?

Колку повеќе знаете, толку помалку анксиозни ќе бидете.


3. Бидете свои

Секако, ова не значи да се однесувате како да сте си во својот кревет дома. Ако не сте смешни, ова не е моментот кога треба да се исфорсирате да бидете. Ако си дозволите да бидете свои, ќе отстраните голем дел од притисокот.

4. Запомнете дека и претходно сте биле во публика

И кога бевте во публика за време на тие панел-дискусии и тие разговори, дали слушнавте и запомнивте сѐ што кажаа другите? Секако дека не. Па така и кога вие ќе зборувате, вашата публика нема да го запомни секој збор.

Затоа, не грижете се многу ако некои поенти можеби не излегле како што сте сакале. Нервира тоа што не можете да го промените нештото како што правите кога пишувате, но тоа е во ред. А можете и да се навратите на некоја реченица и да ја објасните ако не ви се допаѓа како сте ја кажале првиот пат. Ги имате микрофонот и подиумот и можете да правите што сакате.

5. Не зборувајте за нешто што не го знаете

Ако ви постават прашање кое не знаете да го одговорите или ви презентираат предмет за кој немате големо знаење, бидете искрени. Не обврзувајте се да говорите за нештото само затоа што ве прашале.

Исто така, ако речете „Знаете, тоа е многу тешко прашање и јас искрено немам одговор“, тоа некако прави да изгледате попаметни. Публиката ќе си помисли: „Еј овој рече дека не знае. Овој е гениј.“