Откриена „тајна во тајната“ на озлогласената Ареа 51

Откриена „тајна во тајната“ на озлогласената Ареа 51

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Ареа 51, тајна американска база во Невада, со децении привлекува внимание и предизвикува теории на заговор. Иако ЦИА претходно потврди дека локацијата е полигон за тестирање авиони, многумина сè уште веруваат дека има повеќе од тоа, често наведувајќи ги вонземјаните и технологија која не е од овој свет. Сега, еден ентузијаст тврди дека ја открил „тајната во тајната“ во Ареа 51.

Џоег Арну, администратор на веб-страницата „Дримленд ризорт“ посветена на Ареа 51, верува дека во познатата база постои уште една потајна база.

- Постои цела празна долина северно од езерото Грум и има планински венец каде што можат да прават што сакаат - вели тој.
 
ФБИ дошло на неговиот имот поради истражувања поврзани со оваа база. Вооружени федерални агенти му се заканувале со пиштол додека ги претресувале неговите два дома. Според налогот за претрес, Арну е осомничен за заговор и фотографирање објекти за одбрана.

Тврдењата на Арну се само едни од многубројните откритија споделени на интернет во последните години. Во септември 2020 година јутјуб-каналот „Брејв вајлдернес“ објави видео во кое водителот Марк Винс го посети местото на несреќата на авионот кој беше наменет за Ареа 51.

- Авионите се упатија кон Ареа 51 за да работат на проект: шпионски авион У2 користен за време на Студената војна. Авионот бил многу важен за американското разузнавање во Студената војна и Американците не сакаа да ризикуваат некои делови да завршат во погрешни раце, па дојдоа тука и ги детонираа остатоците - објасни Винс.

Додека мистеријата за Ареа 51 продолжува да привлекува внимание, вистинското значење и цел на оваа база останува нејасно. Иако многу тврдења за вонземјани и слични теории на заговор се отфрлени, нови информации продолжуваат да се појавуваат, поттикнувајќи го интересот и шпекулациите за оваа мистериозна локација.

 

Извор: Klik.hr
Фото: Screenshot/YouTube