Грижата за утре може да ви го наруши сонот вечерва
Лесно заспивате, но во раните утрински часови имате стресни соништа или кошмари.
Ако утредента ве очекува нешто стресно - преглед на лекар, презентација или повратна информација за перформансите на работата - овој модел може да ви биде познат. Многу луѓе го доживуваат ова.
Дали соништата би можеле да бидат вежба за утрешниот стрес?
Швајцарски истражувачки тим составен од Сандрин Баселгија и Бјорн Раш истражувал дали соништата би можеле да содржат дел од одговорот. Тие предвиделе дека кога луѓето очекуваат вознемирувачка задача следниот ден, соништата ќе покажат дополнителна стресна содржина - особено како што се приближува утрото.
Претходни истражувања веќе навестуваа за оваа поврзаност.
На пример, истражувачи од Франција документирале шема со која повеќето студенти можат да се поврзат. Тие откриле дека непосредно пред приемен испит, околу 60 % од студентите сонувале за испитот. Тоа претежно биле лоши соништа.
Други истражувачи ја испитувале мозочната активност за време на спиењето. Во еден експеримент истражувачкиот тим открил дека предвидувањето на стресен настан предизвикува намалени маркери за висококвалитетен сон, како што е длабокиот сон.
За истражувачите, овој модел покренал прашање: дали стресните соништа би можеле да помогнат во објаснувањето зошто сонот се влошува кога се приближува утрото, а сме загрижени за следниот ден? Ако таа идеја е точна, тоа значи дека грижите што ги носиме во кревет буквално можат да го репрограмираат она што го прави нашиот мозок додека спиеме.

Што се случува со соништата кога очекувате стрес утредента?
Баселгија и Раш се прашувале дали лошите соништа се тие што ги предизвикале штетните биолошки промени во подоцнежните периоди на спиењето. Тие тестирале дали предвидениот стресор би предизвикал постресни соништа во периодот кога се доближува утрото. Тие поканиле млади лица да поминат три ноќи во лабораторија за спиење:
-Една ноќ за адаптација.
-Една ноќ очекувајќи стресен настап.
-Една ноќ очекувајќи релаксирачка активност.
-Учесниците ја научиле задачата за следниот ден пред да заспијат.
Стресната состојба вклучувала подготовка на говор и решавање тешки математички проблеми додека биле оценувани. Релаксирачката состојба вклучувала импресивна виртуелна средина, како што се плажа или ливада.
Во текот на ноќта учесниците биле будени до осум пати - четири пати порано во текот на ноќта и четири пати подоцна - и биле замолени да пријават што им поминувало низ главата, а потоа да опишат какви соништа имале.
Дали стресните соништа се појавуваат кога се приближува утрото?
Кога учесниците очекувале стресна задача, нивните соништа станувале постресни како што се приближувало времето за будење. Ова откритие покажува дека нашите мозоци ги реактивираат грижите за иднината за време на ноќните соништа.
Оваа студија не може да докаже дека стресните соништа директно предизвикуваат послаб сон. Но, потпирајќи се на повеќе студии, сега знаеме дека очекуваниот стресор предизвикува и стресни соништа и лош сон генерално, како што се приближува утрото.
Извор: psychologytoday.com
Фото: Freepik