Тајланд планира да им покрие дел од трошоците за сместување на странските туристи

Тајланд планира да им покрие дел од трошоците за сместување на странските туристи

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Многу вљубеници во Јапонија се израдуваа пред неколку недели кога излезе веста дека владата ќе покрива дел од трошоците за патување на туристите. Но, оваа вест беше лажна, односно подоцна се откри дека „Џапен тајмс“ погрешно го цитирал министерот кој зборувал за планот за заживување на туризмот.

Сега на ред е Тајланд. Тајландската туристичка агенција претставила план за враќање на туристите на Тајланд. Во рамките на планот за безбедно враќање на странските гости има еден дел кој е особено интересен, а тоа е дека Јутхасак Супасорн, главниот човек на организацијата „Тај туризм“, вели дека мора да се охрабрат меѓународните туристи да патуваат на Тајланд така што ќе им покријат дел од трошоците за хотели и за организаторите на тури.


Фото: Тајланд/Pixabay

Финансиската помош би им помогнала на хотелите и на агенциите да ги намалат трошоците за превоз и сместување за странските туристи, па така да овозможат долготрајно заздравување на туризмот, според Супасорн.

Странските туристи отсекогаш имале голема улога во туристичката индустрија на Тајланд. Според моменталните планови, Тајланд ќе почне да прима туристи во јули, а очекува повеќе посетители од септември.


Фото: Тајланд/Pixabay

Планот за заживување на туризмот вклучува и мерки за хигиена и безбедност во хотелите и на туристичките атракции, а се планира и да се дозволи само ограничен број туристи. Во првиот фокус се отворањата на островите, а владата планира и да користи инфлуенсери за да привлече повеќе туристи.

Извор: godsavethepoints.com