Откриен нов вид диносаурус, долг 30 метри

Откриен нов вид диносаурус, долг 30 метри

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Во 2007 година биле пронајдени остатоци од диносаурус кој живеел во Австралија пред околу 92 милиони години. По 14-годишно истражување и анализа, животното конечно добива опис и официјално име - австралотитан куперенсис.

Станува збор за голем диносаурус кој живеел пред 92 милиони години. Остатоците од диносаурусот што биле пронајдени во 2007 г. сега се детално опишани во научен труд од истражувачите во Музејот на Квинсленд и Музејот во Ироманга. Примерокот е од најголемиот диносаурус што бил пронајден во Австралија.


Диносаурусот бил долг околу 30 метри и се претпоставува дека тежел околу 70 тони. Истражувачите ги споредиле коските од австралотитанот за да бидат сигурни дека станува збор за новооткриен вид и забележале разлики помеѓу коските на примероците.

Научниците лоцирале и повеќе други остатоци од диносауруси, но сè уште не знаат дали тоа се други австралотитани или други видови.

Извор: CNet