Што би се случило кога би еруптирал најголемиот супервулкан во светот?

Што би се случило кога би еруптирал најголемиот супервулкан во светот?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Јелоустон е еден од најпознатите национални паркови во САД, но и најголемиот супервулкан во светот. Овој супервулкан би можел да еруптира, но што би предизвикало неговата ерупција?

Во видео објавено на „Јутјуб“ од каналот „Риал лајф лор“ се објаснува дека, пред сè, шансите за ерупција на Јелоустон се многу мали според експертите. Не се очекува ерупција во следните 10.000 години бидејќи вулканот моментално не е активен. Доколку таа навистина се случи, би ѝ претходеле многу земјотреси, недели или месеци порано.


Фото: Pixabay

За време на ерупцијата, вулканот би исфрлил лава во височина од 24 километри. Потоа лавата би паднала на површината во дијаметар од 65 километри од центарот, што е околу целата територија на националниот парк. Ерупцијата би го затемнила небото со прашина на поголемиот дел од Северна Америка, а овој облак од прашина би го загадил воздухот во целата територија на САД.

Околните сојузни држави би биле најпогодени и веројатно би биле закопани во слој од прашина дебел до 1 метар. Правот од ерупцијата би влијаел и врз други делови од САД, загадувајќи ги почвата, водата и воздухот и доведувајќи до прекини во снабдувањето со електрична енергија низ целата држава.

Можната ерупција на Јелоустон би влијаела и врз климата во целиот свет, предизвикувајќи намалување на температурата низ светот за дури 10 степени со години по ерупцијата.


Извор: interestingengineering.com