Спасувачката операција за денес заврши, во пештерата останаа уште четири деца и тренерот

Спасувачката операција за денес заврши, во пештерата останаа уште четири деца и тренерот

Подготвил: Билјана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска

Спасувачките напори за извлекување на момчињата и нивниот тренер од пештерата во северен Тајланд за денес се завршени, истакна еден сведок кој учествува во спасувачката операција.

Вкупниот број на момчиња извлечени од пештерата за денес е четири. Вчера исто така беа спасени четири момчиња.

Во пештерата остануваат уште четири момчиња и нивниот тренер, кои се очекува да бидат извлечени утре.

По извлекувањето, момчињата веднаш беа хоспитализирани.

Денес е 17-ти ден како децата се заглавени во пештерата