Добриот наставник е трпелив и флексибилен, вели Хатиџе Топали, наградена учителка

Добриот наставник е трпелив и флексибилен, вели Хатиџе Топали, наградена учителка

Подготвил: Сребра Ѓорѓијевска / srebra.gjorgjijevska@fakulteti.mk

За да биде еден наставник добар и успешно да работи како одделенски наставник, не е доволно само да се биде стручњак во својата област. Добар наставник треба да поседува емпатични карактеристики, да биде трпелив и флексибилен, да поседува организациски и комуникациски вештини, да има нови идеи и стратегии. Добар наставник по тешките наставни теми, преку разни активности и методи знае да им ги олесни прашањата што им создаваат тешкотии на учениците - вели Хатиџе Топали, одделенска наставничка во скопското училиште „Петар Здравковски-Пенко“, која доби награда за најдобар просветен работник од Здружението на просветни работници на Град Скопје.
Топали работи 21 година со деца, од кои во последните 15 години токму во училиштето во населбата Бутел, кое е едно од најголемите во Македонија според бројот на учениците (повеќе од 1.560).
Прочитајте повеќе на ДЕЦА.МК