Денеска има 168 новозаболени од Ковид-19, Скопје со најмногу активни случаи - 1.928

Денеска има 168 новозаболени од Ковид-19, Скопје со најмногу активни случаи - 1.928

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.470 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи на Kовид-19 во: Скопје-83, Куманово-8, Дебар-2, Штип-6, Прилеп-3, Тетово-26, Струга-5, Битола-2, Охрид-8, Гостивар-8, Крива Паланка-1, Крушево-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Свети Николе-4, Кичево-6, Ресен-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 70 оздравени лица од: Скопје-48, Тетово-18, Велес-1, Гостивар-1, Кочани-1, Ресен-1.

Починати се 3 лица, двајца пациенти од Скопје и еден од Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 66 и 70 години. Во ГОБ „8 Септември“ почината е пациентка на 63 години по приемот, кај која вирусот е потврден посмртно.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.572, бројката на оздравени пациенти е 3.624, на починати е 362, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.586. Од вчерашните тестови два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

- Скопје 3.656, активни 1.928
- Куманово 818, активни 179
- Дебар 120, активни 67
- Штип 411, активни 166
- Прилеп 289, активни 58
- Тетово 831, активни 351
- Струга 288, активни 187
- Велес 198, активни 36
- Битола 65, активни 24
- Охрид 218, активни 189
- Кавадарци 22, активни 15
- Гостивар 188, активни 115
- Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
- Струмица 18, активни 10
- Крива Паланка 18, активни 12
- Радовиш 4, активни 0
- Крушево 8, активни 4
- Кочани 76, активни 17
- Пробиштип 30, активни 19
- Демир Хисар 3, активни 2
- Македонски Брод 7, активни 5
- Пехчево 6, активни 2
- Берово 3, активни 0
- Валандово 6, активни 2
- Виница 4, активни 1
- Делчево 1, активни 0
- Кратово 6, активни 3
- Свети Николе 58, активни 51
- Кичево 58, активни 49
- Ресен 129, активни 88
- Неготино 21, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
- Чаир – 360
- Аеродром - 166
- Бутел - 156
- Гази Баба - 210
- Центар – 156
- Карпош – 153
- Сарај – 140
- Кисела Вода – 114
- Ѓорче Петров – 111
- Студеничани – 121
- Шуто Оризари – 89
- Арачиново – 46
- Илинден – 34
- Петровец – 18
- Чучер Сандево – 18
- Сопиште – 7
- Зелениково- 13
- Странец – 5
- Нераспределен- 11